Достапни линкови

АИ - Грција не може да ги заштити бегалците


Порастот на бројот на бегалци кои пристигнуваат на Егејските острови е оптоварување за и онака нарушениот систем на прием на мигранти и одраз на неуспехот на европските лидери на соодветен начин да ја решат бегалската криза, предупреди Амнести интернешенел пред денешниот самит на ЕУ.

Секој месец, хуманитарната криза, подгреана со финансиската криза во Грција, дополнително се влошува, се наведува во извештајот на оваа организација за човекови права.

Лошото планирање, неефикасната употреба на ЕУ фондови и кризата на вработување ги оставија грчките власти неспособни да ги исполнат потребите и да ги заштитат правата на бегалците, наведува АИ.

„Хуманитарната криза во Егејското Море не е само грчка трагедија, туку и производ на неуспешен европски имиграциски систем“, вели Џон Далхуисен, директор на АИ за Европа и Централна Азија.

Истражувањето на АИ открива дека најмалку 61.474 бегалци пристигнале на грчките острови во периодот меѓу 1 јануари и 22 јуни 2015, далеку повеќе отколку за цела 2014, кога тој број изнесуваше 43.500.

XS
SM
MD
LG