Достапни линкови

Четврти ден протести во Ереван


Четврти ден траат протестите во Ереван против поскапувањето на цената на струјата и покрај обидите на полицијата да ги задуши протестите. Стотици луѓе протестираат во близина на претседателската палата во Ереван и денеска, блокирајќи го сообраќајот на главната улица во градот. Тие порачуваат дека нема да си одат. Вчера преку 9.000 луѓе протестираат и покрај повиците на полицијата да се разотидат. Луѓето бараат да се повлече одлуката со која цената на струјата од 1 август ќе се покачи за 16 проценти.

Денеска високиот комесар на ОН за човекови права издаде соопштение во кое се изразува загриженост за извештаите за употреба на прекумерна сила од страна на ерменската полицијата против демонстранти и новинари. Во соопштението се повикуваат властите „темелно и брзо“ да ги истражат овие извештаи.

XS
SM
MD
LG