Достапни линкови

Нема договор за грчката криза


Пропаднаа и денешните итни разговори на грчкиот премиер Алексис Ципрас со кредиторите во Брисел во обид да договорат помош за да се избегне банкрот на земјата. Синоќешниот состанок исто така беше прекинат без договор, бидејќи грчките преговарачи одбија да ги спроведат реформите кои од нив ги бараат кредиторите. На разговорите требаше да се финализира договор кој прво треба да го одобрат министрите за финансии од еврозоната, а потоа и лидерите на ЕУ на вечерашниот состанокот на самитот во Брисел, пред крајниот рок на 30 јуни кога Грција треба да врати дел од својот долг на ММФ.

XS
SM
MD
LG