Достапни линкови

logo-print

Додека од Европската унија и од други меѓународни организации стигнуваат сериозни критики за корупција, изборни измами и злоупотреби на власта, премиерот Никола Груевски вчера преку Фејсбук соопшти дека владата усвоила План за нови реформи за европската интеграција.

Реформите што вчера ги најави премиерот Никола Груевски се задоцнети, дури и ако најавата е искрена, велат дел од домашните аналитичари со кои разговаравме.

Не треба да чекате други однадвор да ви кажат кои ви се слабостите на системот, туку мора да имате систем во кој сама ќе се запали црвената сијаличка кога имате проблем и треба да се дејствува. Ова сега е задоцнето. Треба да се размислува да се зајакнат сите овие активности и владата да ги спроведува, но мислам дека тоа требало да се работи досега. Сега треба да се види како ќе се надмине актуелната криза, а потоа ќе се мисли на справување со сево ова.

Додека од Европската унија и од други меѓународни организации стигнуваат сериозни критики за корупција, изборни измами и злоупотреби на власта, премиерот Никола Груевски вчера преку Фејсбук соопшти дека владата усвоила План за нови реформи за европската интеграција.

„Покрај постоечките реформи кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план за кој верувам дека ќе овозможи дополнителен напредок. План базиран на нашите разговори со ЕУ и препораките на европските институции и експерти, фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата. Прецизно, со конкретни мерки, рокови, носители на проекти и цели кои треба да се исполнат“, пишува Груевски.

Или конечно во овие последни месеци, Груевски, свесен дека ја напушта владата, сака барем нешто добро да остави или тоа е глумење, оти не е природно структурата којашто десет години ја води земјата сега да добие политичка волја да ја води напред. Таква логика не постои.

Областите кои ги посочува премиерот во голема мера се совпаѓаат со најкритикуваните области од страна на меѓународните инстититуции.

Професор Никола Дујоски вели дека оваа објава на владата е задоцнета.

„Не треба да чекате други однадвор да ви кажат кои ви се слабостите на системот, туку мора да имате систем во кој сама ќе се запали црвената сијаличка кога имате проблем и треба да се дејствува. Ова сега е задоцнето. Треба да се размислува да се зајакнат сите овие активности и владата да ги спроведува, но мислам дека тоа требало да се работи досега. Сега треба да се види како ќе се надмине актуелната криза, а потоа ќе се мисли на справување со сево ова“, вели Дујовски.

Тој посочува дека и да сака, актуелната влада нема да има време да ги спроведе тие реформи.

„Бидејќи во наредниот период ќе се занимава со многу други активности коишто нема да бидат директно насочени кон ова, ќе се занимаваат можеби со организирање на наредна рунда разговори, преговори, ќе видиме што ќе произлезе од состанокот на 29 јуни, па дури потоа да видиме колку владата ќе има време и простор да ги спроведе овие активности коишто се наведени после вчерашната седница на владата. Како и да е, ова требало да се работи досега“, вели Дујоски.

Професор Мерсел Биљали, пак, се сомнева во искреноста на најавените намери.

„Или конечно во овие последни месеци, Груевски, свесен дека ја напушта владата, сака барем нешто добро да остави или тоа е глумење, оти не е природно структурата којашто десет години ја води земјата сега да добие политичка волја да ја води напред. Таква логика не постои“, вели Биљали.

Во експертскиот извештај на ЕУ подготвен од германскиот дипломат Рајнхард Прибе се наведени сериозни забелешки за следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми.

Во заклучоците на Советот на ЕУ, пак, се наведува дека е потребна итна реформа во однос на владеењето на правото, судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции и мешањето држава-партија и замаглувањето на надзорот.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG