Достапни линкови

НАТО одобри модернизирање на силите


Земјите членки на НАТО се согласија да ги зголемат воените капацитети и способноста на силите за брза реакција. Говорејќи по првиот ден на состанокот на министрите за одбрана во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека била постигната согласност овие сили кои сега бројат 13 илјади да се зголемат на 40 илјади. Столтенберг рече дека главна причина за ова била руската анексија на Крим и поддршката на Москва на проруските сепаратисти во источна Украина. „Ние сме обединети во врска со предизвиците со кои се соочуваме“, изјави тој.

XS
SM
MD
LG