Достапни линкови

Полициска акција на југот на Албанија


Околу 400 полицајци со поддршка на воени хеликоптери синоќа упаднале во местото Лазарет на југот на Албанија, каде што непознати лица убиле еден полицаец, а раниле двајца други. Локалните медиуми јавуваат дека во текот на целиот вчерашен ден таму се слушало пукање. Полицијата соопшти дека за нападот биле осомничени дваесетина луѓе и апелира до жителите на Лазарет да соработуваат. Лазарет, кој се наоѓа на 230 километри јужно од Тирана, е најголем центар за производство на канабис. Се проценува дека таму годишно се произведуваат околу 900 тони канабис, вреден околу 4 ипол милијарди евра.

XS
SM
MD
LG