Достапни линкови

logo-print

Прекинат состанокот на еврозоната за Грција


шефот на еврогрупата Јерен Дијселблем

шефот на еврогрупата Јерен Дијселблем

Преговорите меѓу Грција и странските кредитори повторно се во неизвесност откако синоќа беше прекинат состанокот на еврозоната, без договор со кој би се избегнал банкрот на таа земја. Состанокот на министрите на еврозоната беше прекинат само по помалку од еден час по неговото започнување. „Тоа е се за денеска. Продолжуваме в четврток попладне“, напиша на Твитер финскиот министер Александар Стуб. Тоа го потврди и шефот на еврогрупата Јерен Дијселблем кој сепак најави дека ќе продолжат напорите за изнаоѓање решение. Грчкиот премиер Алексис Ципрас претходно упати критики до кредиторите за тоа што не ги прифаќаат последните предлози на неговата влада за реформи.

XS
SM
MD
LG