Достапни линкови

Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во Белград


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас за време на денешната посета на Белград ќе разговара со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и со премиерот Александар Вучиќ. Една од темите на разговорите ќе биде и планираната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Србија. Министерот Коѕијас вчера престојуваше во Скопје при што беа усогласени 11 мерки за градење доверба меѓу двете земји во обид да се реши спорот со името што ја блокира Македонија на патот кон Европската унија и НАТО. „Има разлики за името, но уверен сум дека можеме да ги решиме во иднина во рамките на меѓународното право и во духот на добро соседската политика“, изјави Коѕијас во Скопје.

XS
SM
MD
LG