Достапни линкови

logo-print

Антивладин протест „Ука, бука, оди си Никола“


Неколку илјади демонстранти протестираат против владеењето на премиерот Никола Груевски. Протестот наречен „Ука, бука, оди си Никола“ е во организација на коалицијата „Граѓаните за Македонија“. Демонстрантите носат тенџериња, тањири, лажици, тапани и други предмети и создаваат врева, со цел, како што велат,премиерот Никола Груевски да разбере дека треба да си замине од функцијата. Тие извикуваат оставка. Маршот започна пред Владата, а предвидено е да заврши пред резиденцијата на Премиерот.

XS
SM
MD
LG