Достапни линкови

Тачи се сретна со грчкиот министер Коѕијас


Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во Амбасадата на Грција во Скопје, се состана со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.

На средбата, како што соопшти ДПА, се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за процесите на излез од актуелната политичка криза. Исто така, тема на дискусија било деблокирањето на интеграциските процеси и унапредување на меѓу-соседските односи меѓу двете земји.

Соговорниците се согласиле дека регионалната стабилност се постигнува преку здрави меѓусоседски односи, и во овој контекст, посочиле, решение на прашањето за името преку компромис е многу важно за добри меѓусоседски односи, регионалната безбедност и стабилност.

XS
SM
MD
LG