Достапни линкови

logo-print

Русија - обвинет пратеникот кој беше против анексија на Крим


Руските власти го обвинија пратеникот Илја Пономарјов, единствениот кој минатата година во државната Дума гласаше против анексија на Крим од Украина. Руските власти го обвинија за проневера. Федералниот Комитет за истрага соопшти дека пратеникот примил 750 илјади долари од Фондација за технолошки развој финансирана од државата за да одржи предавања, но тој им доставил само кратки коментари. Од комитетот велат дека може да распишат меѓународна потерница за пратеникот, ако тој не и биде достапен на истрагата. Пономарјов, сега е во САД, откако му беше одземен пратеничкиот имунитет, поради кривично гонење. Тој негира дека сторил нешто лошо и вели дека случајот против него е политички мотивиран.

XS
SM
MD
LG