Достапни линкови

logo-print

Трансформации - светиот баланс на Алма Идризи на изложба во Кичево


„Трансформации - светиот баланс“ е насловена самостојната изложба на мултимедијалната уметница Алма Идризи, што ќе биде отворена овој петок, на 26 јуни, во 19 часот, во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. Ќе бидат претставени 24 фотографии со кои таа сака да проговори за трансформациите коишто сите ние ги преживуваме распнати меѓу животот кој што тежнееме да го постигнеме и меѓу општествените очекувања.

Во ова време на гласно говорење за демократија, човекови права, родови права, сите ние сме заробени во културата, традицијата и општествените очекувања. Заробени во еден калап којшто е наметнат и се очекува сиот наш живот да се обликува и спроведува според мерилата на истиот. Затоа секојдневно водиме борби за исполнување на општествените очекувања и личните потреби, борби за родовиот баланс, борби за опстанок на материјално и духовно ниво, борби за постигнување на „светиот баланс“ коишто никогаш не престануваат.

Сите ние се убедуваме дека сè ни е во ред, дека живееме во демократско општество, дека имаме родов баланс, дека сите права си ги остваруваме и дека сме задоволни од својот живот, меѓутоа тоа не е баш така како што можеби изгледа. Затоа оваа моја изложба имено, на еден поблаг начин е и мојот глас, мојот крик, против она што во моментов се случува кај нас, но и воопшто во светот.

Со овие неколку реченици уметницата Алма Идризи најверодостојно ќе го опише концептот на својата нова самостојна изложба „Трансформации - светиот баланс“, што ќе биде отворена овој петок, на 26 јуни, во 19 часот, во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

На постановката таа се претставува со 24 фотографии за кои знае да каже дека, во некоја „блага форма“, се нејзиниот крик против она што нам сега ни се случува.

Најлесно е да се делува на големата сцена каде што сите се отворени, каде што сите тежнеат да возвратат со аплауз и со разбирање за она што сте го направиле. Сметам дека и во малите средини, во кои и да нема вакви културни посети, треба да се разбуди една мала искра на надеж. Да се пушти една мала боцка која ќе ги раздвижи нештата. Еве и со НЕТКАМ, проектот кој паралелно тече, се трудиме да бидеме присутни токму во помалите градови од земјава.

„Сите ние се убедуваме дека сè ни е во ред, дека живееме во демократско општество, дека имаме родов баланс, дека сите права си ги остваруваме и дека сме задоволни од својот живот, меѓутоа тоа не е баш така како што можеби изгледа. Затоа оваа моја изложба имено, на еден поблаг начин е и мојот глас, мојот крик, против она што во моментов се случува кај нас, но и воопшто во светот“, вели Идризи.

Појаснува дека употребувајќи се себе како предмет на изразување настојува фотографиите да тежнеат кон црно-бело, иако се колорни.

„Фотографиите тежнеат кон црно-бело, иако не се црно бели, и има една доза на црвено која што ја искажува жарта за живот, борбата за живот, страста за живот. Односно борбата со она со коешто ние како индивидуи секојдневно се соочуваме“, вели таа.

Инаку, Алма Идризи не случајно се реши патешествието на својата нова постановка да го почне од една мала средина како што е Кичево. Таа е свесна дека со еден мал чекор се почнува патот од илјадници километри и дека на овој начин сака да ја разбуричка културната жабокречина на една мала средина.

„Најлесно е да се делува на големата сцена каде што сите се отворени, каде што сите тежнеат да возвратат со аплауз и со разбирање за она што сте го направиле. Сметам дека и во малите средини, во кои и да нема вакви културни посети, треба да се разбуди една мала искра на надеж. Да се пушти една мала боцка која ќе ги раздвижи нештата. Еве и со НЕТКАМ, проектот кој паралелно тече, се трудиме да бидеме присутни токму во помалите градови од земјава“, вели уметницата.

Инаку, родена 1985 година во Скопје, Алма Идризи е мултимедијален уметник, чии дела се претставени преку дигиталната фотографија, сликарство, цртеж, илустрација, видео, анимација, мода и изработка и дизајн на накит. Со своето творештво на публиката по прв пат ѝ се претстави во 2003 година во Музеј на современа уметност во Скопје и оттогаш таа е присутна на бројни групни и самостојниизложби во земјава и во странство.

Нејзините дела се дел од многу јавни и приватни колекции во Македонија, Албанија, Косово, Турција, Аргентина, Уругвај, Италија и во други земји.

За своите интереси во уметноста знае да каже дека се движат од примената на класичната уметност до современите уметнички типови на изразување. Таа ги проучува сите начини на уметничко изразување, експериментирајќи со мешањето на материјали и уметнички јазици. Всушност, нејзината употреба на медиумите се заснова врз потребата да се претставуваат делата во нивната целосна звучност, поради потребата за изразување во целосна неограничена слобода на постоењето, како резултат на внатрешен план моралната чистота на целите, која сама по себе предизвикува ментални вибрации кои ја стимулираат потребата за истражување на суштинско значење во секој од нас.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG