Достапни линкови

Франција - САД да ги поправи штетите од прислушувањето


Францускиот премиер Мануел Валс

Францускиот премиер Мануел Валс

Францускиот премиер Мануел Валс го повика Вашингтон да стори сé што е во нивна моќ за брзо за се поправка штетата која настана по објавувањето на информациите дека САД шпионирале француски претседатели во изминатите години, со што се предизвика штета на билатералните односи.

Валс денеска пред Парламентот рече дека тоа е непријатливо однесување меѓу сојузници. Тој исто така рече дека американскиот амбасадор во Парис бил повикан од страна на францускиот министер за надворешни работи за да даде официјално објаснување за прислушувањето.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Франција „нема да толерира“ такви постапки, кои се закануваат по нејзината безбедност.

Викиликс објави документи според кои се покажува дека Американската Национална Агенција за безбедност ги шпионирала Оланд и неговите двајца претходници, Никола Саркози и Жак Ширак.

XS
SM
MD
LG