Достапни линкови

Иванов - Соработката со Грција на добро ниво


Претседателот Ѓорге Иванов и грчкиот министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Претседателот Иванов, стои во соопштението до неговиот Кабинет, констатираше дека и покрај отвореното билатерално прашање, соработката меѓу двете општества никогаш не била на подобро ниво и порача дека политичарите треба да ја следат таа нова реалност што постои меѓу општествата, граѓаните и бизнис-заедницата на двете земји.

На средбата, како што стои во соопштението, беа разменети мислења за севкупните состојби во регионот, во контекст на неговата европска и евроатлантска перспектива. Двајцата соговорници се согласиле за неопходност од соработка и доверба на македонските и грчките разузнавачки и полициски служби за заканите со кои се соочува регионот, но и за заканите по националната безбедност на двете држави, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG