Достапни линкови

logo-print

Русија ја продолжи забраната за увоз од Запад


Русија за уште една година ја продолжи забраната за увоз на храна од западните земји. Руските новински агенции го цитираат претседателот Владимир Путин кој вели дека почнувајќи од денес, 24 јуни, ќе ги продолжат одмаздничките мерки за една година. Забрането е да се увезува храна од САД, Европската унија, Австралија, Канада и Норвешка. Се очекуваше забраната да биде продолжена за уште шест месеци, откако претходно Европската унија ги продолжи санкциите за Русија до крајот на јануари 2016.

XS
SM
MD
LG