Достапни линкови

НАТО нема да се трка во вооружување со Русија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата нема да се вклучи во трката за вооружување со Русија, но дека мора да се спротивстават на „агресивните акции“ на Москва во Украина. Пред состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, Столтенберг изјави дека нема да бидат вовлечени во трка за вооружување, но дека мора да ги одржуваат своите земји безбедни. Министрите за одбрана треба да одобрат мерки, меѓу кои и двојно зголемување на силите за брза реакција на НАТО. Вчера пак Вашингтон соопшти дека ќе распореди тешко оружје во централна и источна Европа.

XS
SM
MD
LG