Достапни линкови

Средба Бесими - Коѕијас


Грција отворено да ја поддржи интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, побарал вицепемиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими на средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Според Бесими тоа ќе придонесе кон значително зајакнување на стабилноста и економскиот просперитет на целиот регион. Тој го поздрави носењето на мерки за градење доверба изработени од страна на тимови од двете држави. Од страна на соговорниците била потенцирана и добрата економска соработка и позитивниот развоен тренд.

XS
SM
MD
LG