Достапни линкови

Зголемување на довербата меѓу Македонија и Грција


Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.

Никос Коѕијас е прв шеф на грчката дипломатија кој доаѓа во билатерална посета на Македонија.За името, како и за секој проблем, постои решение, изјави Никос Коѕијас во Скопје.

Единаесет конкретни мерки за практична соработка, чија цел е засилување на довербата меѓу двете земји договориле македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Никола Попоски и Никос Коѕијас, објавија денеска по средбата во Скопје. Мерките, како што појаснија двајцата, се во областите образование, здравство, правда и внатрешни работи, економија и трговија и енергетика.

Денес немаме решение за овој спор, тоа е сигурно, но имаме пристап кој би ни овозможил во некое догледно време да градиме клима на приближување меѓу двете земји. Нашиот најголем проблем е непостоењето доверба, особено на политичко ниво и тоа непостоење доверба не може да ве доведе до ситуација да решавате толку тежок и сложен проблем.

Најслаба алка во изминатите неколку децении во соработката беше довербата, рече Попоски, додавајќи дека премногу време е поминато без решение на спорот за името, со што се обременуваат односите меѓу двете земји.

„Денес немаме решение за овој спор, тоа е сигурно, но имаме пристап кој би ни овозможил во некое догледно време да градиме клима на приближување меѓу двете земји. Нашиот најголем проблем е непостоењето доверба, особено на политичко ниво и тоа непостоење доверба не може да ве доведе до ситуација да решавате толку тежок и сложен проблем кој задира во најдлабоките емоции на граѓаните и тука и таму“, вели Попоски.

Коѕијас, пак, нагласи дека грчката надворешна политика верувала дека земјава е благодет и е носител на стабилноста и безбедноста.

Секој има право на свој идентитет, но просто не треба начинот на кој го изразува да создава впечаток дека се работи за некаква злоупотреба.

„Правиме сè што можеме да помогнеме на вашиот пат кон Европската унија. Веруваме дека постоењето и стабилноста на оваа држава е дар на Балканот. Постои една разлика во однос на името, но за секој проблем постои и решение“, рече Коѕијас, кој одговарајќи на прашање поврзано со грчките тврдења за македонски иредентизам нагласи дека не верува оти тој и неговиот колега Попоски имаат такви намери.

„Секој има право на свој идентитет, но просто не треба начинот на кој го изразува да создава впечаток дека се работи за некаква злоупотреба“, рече Коѕијас.

Инаку, ова е прва билатерална посета на грчки министер на Македонија по подолг временски период. Лани во февруари во Скопје дојде поранешниот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, но во функција на претставник на земја-актуелен претседавач со ЕУ. Коѕијас, пак, сега се наоѓа во регионална посета и утре во Белград ќе се сретне со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG