Достапни линкови

logo-print

Коѕијас - За името постои решение


Сакаме вашата земја да ја видиме да оди по европскиот пат уште побрзо. Правиме се што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. За името, како и за секој проблем, постои решение, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин и колега министерот Никола Попоски. Министерот Попоски изјави дека денеска не е постигнато решение за името, но постигнат е договор за повеќе мерки за градење доверба кои ќе придонесат за надминување на разликите во духот на европските вредности и согласно заедничките интереси.

За време на посетата, министерот Коѕијас треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, како и од вицепремиерот Фатмир Бесими.

Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на СДСМ, ДПА и ДУИ.

XS
SM
MD
LG