Достапни линкови

Австрија и Унгарија разговараат за азилантите


Австрија го повика амбасадор на Унгарија да објасни зошто Будимпешта одбива да ги прифати барателите на азил кои од нејзината територија отишле во други членки на Европската унија. Портпаролот на австриското Министерството за надворешни денеска соопшти дека амбасадорот на Унгарија бил повикан на состанок, еден ден откако Будимпешта објави дека ја суспендира Даблинската спогодба, европски документ кој се однесува на бегалците за да ги заштити унгарските интереси. Тоа значи дека Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата.
Австрија ќе побара од Европската комисија да го испита случајот со Унгарија и дали таа ги прекршува договорените обврски. Унгарските власти, пак, тврдат дека не ги кршат правилата на ЕУ.

XS
SM
MD
LG