Достапни линкови

ИД уништиле два мавзолеја во близина на Палмира


Припадници на милитантната група Исламската држава уништиле два мавзолеја во близина на историскиот град Палмира, соопштија денеска сириските власти. Од ИД вчера рекоа дека уништиле две древни светилишта во близина на Палмира. Од одделот за антиквитети и музеи во Дамаск, изјавија дека еден од гробовите им припаѓа на Мохамед бин Али, потомок на братучед на пророкот Мухамед, имамот Али, а втората гробница била на научникот Суфи, познат како Абу Низар.
Милитантите на Исламската држава минатиот месец го зазедоа градот Палмира.

XS
SM
MD
LG