Достапни линкови

Со „Македонија вработува“, вработени околу 2500 луѓе


Околу 2.500 лица се вработени досега преку проектот „Македонија вработува“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на денешната собраниска седница посветена на поставување пратенички прашања. Тој информираше дека заклучно со денешниот ден преку проектот се вработени вкупно 2.470 лица, а поволностите ги искористиле 1.749 компании.

Спасов рече дека од вкупниот број вработени лица 793 се млади до 29 години, 824 се до 35-годишна возраст, 275 меѓу 35 и 50 години, 414 над 50 години, 28 лица се од ранливи категории и 136 над 58 години.

Според него, овие податоци се потврда за успешноста на проектот, кој овозможи 1.749 компании да го зголемат бројот на вработени.

XS
SM
MD
LG