Достапни линкови

Франција го повика амбасадорот на САД за прислушувањето


Франција го повика американскиот амбасадор во Париз да ги објасни обвинувањата за прислушување на француски власти од страна на САД, чин што францускиот претседател Франсоа Оланд го нарече „неприфатлив“. Тој свика состанок за безбедност откако протекоа информациите на Викиликс дека се шпионирани Оланд и неговите двајца претходници. Владини извори велат дека министерот за надворешни работи го повикал американскиот амбасадор во Париз попладне да разговараат за обвинувањата за шпионажа. Портпаролот на Владата, Стефан Ле Фол рече тоа е неприфатливо однесување меѓу сојузници. Портпаролот исто така, рече дека Париз ќе го испрати Дидие Ле Брет, национален координатор на разузнавачката служба во Вашингтон за да ги разгледува извештаите за шпионажа.

XS
SM
MD
LG