Достапни линкови

Напад во кинескиот проблематичен регион Ксинџијанг


Најмалку 18 луѓе се убиени кога етнички Ујгури нападнале полицајци со ножеви и со бомби на контролен пункт во кинескиот проблематичен западен регион Ксинџијанг, јави Радио Слободна Азија. Нападот се случил на почетокот на муслиманскиот месец на постот Рамазан во градот Кашгар, каде тензиите меѓу муслиманските Ујгури и мнозинството Хан Кинези доведе до крвопролевање во последните години.

Радио Слободна Азија повикувајќи се на локални полициски извори соопшти дека напаѓачите убиле неколку полицајци, а потоа полицијата убила 18 осомничени напаѓачи.

XS
SM
MD
LG