Достапни линкови

Огласи за работа има, вработувања нема


Широк сокак во Битола.

Широк сокак во Битола.

Според Агенцијата за вработување, 7.476 битолчани се без работа. Половината од нив се млади лица до 39 годишна возраст. Најчесто невработени се младите лица кои доаѓаат од социјално ранливи групи.

Битола е четврт град од внатрешноста на Македонија по бројот на невработени лица, пред неа се Прилеп, Тетово и Куманово. Според Агенцијата за вработување, 7.476 битолчани се без работа. Половината од нив се млади лица до 39 годишна возраст. Младите се со поделени мислења за можностите за вработување во Битола.

За најголемиот дел од огласите кога ќе отидеш кај работодавецот да прашаш или грешка било или не е таа фирма или проформа е огласот лицето е веќе најдено. Нема работа, само пароли слушаме, само реклами.

„За најголемиот дел од огласите кога ќе отидеш кај работодавецот да прашаш или грешка било или не е таа фирма или проформа е огласот лицето е веќе најдено. Нема работа, само пароли слушаме, само реклами“, вели Атанас Костовски.

„Фирмата ја отворивме со помош на Агенцијата за вработување преку проектот за самовработување. Нашата продукција се занимава со сè што е поврзано со креирање на видео и фотографија и гледам голем потенцијал на пазарот во Македонија“, вели Иван Литовски.

Македонија се уште е на листата на европски земји со најголем процент на невработени млади лица, вели Златко Талески од Младинскиот културен центар од Битола.

Според истражувањата на терен покажуваат дека активните мерки кои досега ги спроведуваат институциите не допираат до категоријата на млади кои се со пониско образование, со средна стручна подготовка или со основно образование.

„Постои податок за последниот квартал од 2014 година дека невработеноста кај младите од 15 до 24 години во Македонија е 50,4 проценти што претставува една од највисоките стапки на невработеност во европски рамки. Како причини се наведуваат недоволниот број на отворени нови работни места, несоодветните квалификации што ги добиваат преку формалното образование“, вели Талески.

Најчесто невработени се младите лица кои доаѓаат од социјално ранливи групи, односно сиромашни семејства и приматели на социјална помош, вели Мери Нашоку, вклучена во истражувањето „Невработеноста кај младите–социјална инклузија на ранливи групи“.

„Според истражувањата на терен покажуваат дека активните мерки кои досега ги спроведуваат институциите не допираат до категоријата на млади кои се со пониско образование, со средна стручна подготовка или со основно образование. Тие информациите не ги добиваат користејќи онлајн алатки за пребарување на работни места. Потребно е изнаоѓање на иновативни социјални начини за вработување на оваа категорија на млади“, вели Нашоку.

Владата преку проектот „Македонија вработува“ нуди можности за вработување на млади кадри до 35 години кои претходно биле невработени, за кои работодавачите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси во траење од три години.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG