Достапни линкови

Во Скопје протест „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“


Ар4хива

Ар4хива

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ вечерво 18:00 часот пред Владата на Република Македонија ќе одржи протестен марш наречен „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“

Според оваа асоцијација, премиерот Никола Груевски девет години владее со Македонија, притоа, како што се наведува, остварувајќи низа кривични дела и низа политички злодела.

Во повикот до граѓаните се наведува да се понесат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава со цел Премиерот Никола Груевски да разбере дека треба да си замине од функцијата.

XS
SM
MD
LG