Достапни линкови

САД шпионирале тројца француски претседатели


Викиликс: САД шпионирале тројца француски претседатели
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Викиликс: САД шпионирале тројца француски претседатели

Американската Национална безбедносна агенција ги шпионирала француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд. Ова се наведува во соопштението на Викиликс најпрвин објавено во весникот „Либерасион“. Оланд за денеска го свика националниот советот за безбедност во врска со ова прашање.

Од тајните разузнавачки извештаи и технички документи обелоденети на Викиликс се гледало дека американската Агенција ги шпионирала француските претседатели во периодот од 2006 до 2012 година, односно неколку недели откако Оланд ја презеде функцијата од Саркози.

Според документите Саркози разгледувал рестартирање на израелско палестинските мировни разговори без вклучување на Соединетите држави, додека Оланд страхувал од излегување на Грција од еврозоната за што свикал и таен состанок на неговата влада.

Во документите имало разговори и во врска со односите на француската влада со владата на германскиот канцелар Ангела Меркел, како и за глобалната финансиска криза.

„Французите имаат право да знаат дека нивната избрана влада е цел на непријателско надгледување од наводен сојузник“, вели Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, во изјавата што ја објави францускиот весник „Либерасион“.

Французите имаат право да знаат дека нивната избрана влада е цел на непријателско надгледување од наводен сојузник.
Џулиен Асанж, основач на Викиликс

Тој најави дека наскоро ќе бидат објавени нови „важни документи“.

Цел на прислушувањата биле и неколкумина француски министри, како и францускиот амбасадор во Соединетите држави. Во документите имало и броеви на мобилни телефони на голем број функционери во Елисејската палата.

„Ги немаме за цел, ниту пак ќе ги имаме комуникациите на претседателот Оланд“, изјави портпаролот на американската Национална агенција за безбедност Нед Прајс во првата реакција на објавените документи.

Тој без да прецизира дали тоа не било правено во минатото, вели:

„Тесно соработуваме со Франција за сите меѓународни прашања и Французите ни се неопходни партнери.“

Францускиот амбасадор во Вашингтон Жерар Аро, пак, на Твитер напиша: „Секој дипломат живее со извесност дека неговите комуникации се прислушувани и тоа не само од една земја. Реален свет.“

Сепак, француските медиуми цитираат неименуван советник на претседателот Оланд кој оценува дека шпионирањето е неприфатлив метод особено кога станува збор за сојузници.

Документи обелоденети пред две години од поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција Едвард Сноуден откриле дека Соединетите држави вршеле масовни прислушувања во светот.

Во тоа време британскиот весник „Гардијан“ објави дека НСА ги прислушувала телефоните на 35 светски лидери, меѓу нив и на Франција, Мексико и Бразил.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG