Достапни линкови

Викиликс: САД шпионирале тројца француски претседатели


Американската Национална безбедносна агенција ги шпионирала француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд. Ова го објави францускиот весник „Либерасион“, врз основа на документи на Викиликс. Во нив се гледало дека Агенцијата ги шпионирала претседателите во период од 2006 до 2012 година, и тоа еден месец откако Оланд ја презеде функцијата од Саркози. Цел на прислушувањата биле и неколкумина министри, како и францускиот амбасадор во Соединетите држави. Во документите имало и броеви на мобилни телефони на голем број функционери во Елисејската палата. Прислушуваните разговори меѓу другото се однесувале на грчката должничка криза и односите со Германија. Оланд за денеска го свиканационалниот советот за безбедност во врска со документите на Викиликс.

XS
SM
MD
LG