Достапни линкови

logo-print

Унгарија ја суспендира европската спогодба за бегалци


Унгарија синоќа соопшти дека ја суспендира Даблинската спогодба, европски документ кој се однесува на бегалците за да ги заштити унгарските интереси. Тоа значи дека Унгарија веќе нема да прима бегалци кои во Европската унија влегле преку нејзина територија, а потоа отишле во друга земја на Унијата. Даблинската спогодба подразбира дека барањето за азил во Европа треба да биде разгледан во првата европска земја во која дошол барателот на азил. Европската комисија веднаш побара појаснување на ваквиот потег на Будимпешта. Според наводите на унгарските власти над 60 илјади луѓе илегално влегле во земјата од почетокот на годинава досега. Унгарија деновиве соопшти дека на границата со Србија ќе постави ограда за да го запре бранот бегалци.

XS
SM
MD
LG