Достапни линкови

Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во Македонија


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во рамките на денешната работна посета на Македонија ќе разговара со шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, по што се предвидени пленарни разговори меѓу делегациите на двете министерства. „Кога станува збор за Грција темата за спорот со името е неизбежна“, изјави пред посетата на Коѕијас, министерот Попоски, додавајќи: „Но, она што можеби е специфично во овие услови, се договоривме да имаме малку поинаков пристап. Многу сме далеку од решение за името, но тоа не би требало да не спречи во градење подобра, попозитивна клима меѓу двете земји“. Министерот Коѕијас ќе се сретне, меѓу другите, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе биде примен и од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

XS
SM
MD
LG