Достапни линкови

Нов протест во Ереван


Неколку илјади демонстранти повторно се собраа во центарот на ерменскиот главен град Ереван на нов протест против зголемувањето на цената на електричната енергија. Новиот протест на Плоштадот Слобода во Ереван доаѓа откако синоќа полицијата употреби сила за да ја растера толпата од неколку стотици демонстранти. Демонстрантите бараат претседател Серж Саркисијан да ја поништи одлуката од страна на државните регулатори да се подигне цената на струјата за 16 отсто почнувајќи од 1 август.

XS
SM
MD
LG