Достапни линкови

logo-print

Советот на ЕУ - Македонија да ја чуе нашата порака


 Едгарс Ринкевичс министер за надворешни работи на Летонија, земја-претседавач со Советот на ЕУ,

Едгарс Ринкевичс министер за надворешни работи на Летонија, земја-претседавач со Советот на ЕУ,

Советот за општи работи на Европската унија ги усвои заклучоците за Македонија што шефовите на државите и владите на земјите-членки на Унијата, ќе ги потврдат на Самитот на Европскиот совет во четврток.

Пред Советот на ЕУ официјално да ги објави заклучоците за Македонија, Едгарс Ринкевичс министер за надворешни работи на Летонија, земја-претседавач со Советот на ЕУ, на прес-конференција потенцираше дека Советот за општи работи имал дебата за Македонија и дека се усвоени релевантни заклучоци.

„Ние истакнавме дека политичките партии мора да го почитуваат договорот од 2-ри јуни и оној од 19-јуни. Исто така ја поцртавме повеќепати досега важноста од имплементација на реформи во областа на владеењето на правото, вклучително основните права, судство, слобода на медиуми и слобода на избори, корупција и партизацијата на државните институции“, рече Ринкевичс.

Тој вели дека испраќаат пораки до сите политички партии, до сите партии од политичкиот процес во БЈР Македонија дека мора да се посветат на значаен политички дијалог и да продолжат со реформскиот процес и се надева дека оваа порака ќе биде слушната во Македонија.

XS
SM
MD
LG