Достапни линкови

Итни мерки во Пакистан поради топлото време


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф, повика на итни мерки, откако бројот на жртвите од тридневниот топлотен бран во јужен Пакистан достигна речиси 700. Националната управа за управување со катастрофи денеска соопшти дека добиле наредба од Шариф да преземат итна акција. Управата ќе отвори центри за третирање на погодени од топлотен удар во сите болници во провинцијата Синд. Повеќето смртни случаи се регистрирани во главниот град на покраината Карачи, каде температурите достигна 45 степени целзиусови.

XS
SM
MD
LG