Достапни линкови

Авганистан - нов дом за војникот кој го бранеше парламентот


Претседателот на Авганистан Ашраф Гани му додели нов дом на еден авганистански војник кој учествуваше во борбата со милитантите кои вчера се обидоа да влезат во зградата на парламентот. Претседателот му пренесе на војникот дека е горд на неговата „решителност и хероизам“. Во вчерашниот обид за напад на парламентот загинаа шестмина цивили и сите седум талибанци напаѓачи. Војникот тврди дека тој сам ги убил шесте милитанти, а едниот од нив се разнесе со автомобил бомба. Но неговото тврдење е оспорено од некои луѓе, кои велат дека тој застрелал тројца милитанти.

Но, Министерството за одбрана го потврди тврдењето на војникот .

XS
SM
MD
LG