Достапни линкови

ОН - Да не се заборават Авганистанците во Пакистан


Од Комитетот за бегалци на ОН го повикаа светот да не ги „заборави“ милионите Авганистанци кои се принудени да живеат со децении во Пакистан поради војната во нивната матична земја.

Во Пакистан живеат околу 1,5 милион бегалци, повеќето од нив Авганистанци, кои со години живееле во лоши услови во камповите во северозападниот дел на земјата.

За време на посетата на камповите во Пакистан, високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутерес, изјави дека на Авганистан треба да му се помогне да се создаде средина во која луѓето ќе се вратат. Гутерес рече дека Авганистанците се втората по големина група на бегалци во светот, по Сиријците.

XS
SM
MD
LG