Достапни линкови

УНИЦЕФ: Напредок на детските права во Македонија


Во Македонија во изминатите години е постигнат напредок во однос на остварувањето на правата, развојот и благосостојбата на децата, покажуваат податоците од Извештајот на УНИЦЕФ за напредокот на децата на глобално ниво. Но резултатите покажуваат дека покрај значителните достигнувања, сепак има нееднаквости, особено кај ромската националност, каде се забележува поголема стапка на смртност кај ромските доенчиња. Исто така нотираат и дека Ромите е поверојатно да бидат пониски за нивната возраст од останатите деца – процентот на забавен раст кај ромските деца е 17 проценти во споредба со 5 проценти кај другото население, се посочува во извештајот.

„Исто така, десет пати е помала можноста децата Роми и децата Албанци да посетуваат рано детско образование во споредба со децата Македонци – кај Ромите 4 проценти кај Албанците 3 проценти во споредба со 37 проценти кај Македонците. Ромските девојчиња е многу поверојатно да се омажат на возраст помеѓу 15-19 во споредба со девојчињата Албанки и Македонки – детските бракови кај Ромите се застапени со 22 проценти во споредба со Албанците со 6 проценти и Македонците 2 проценти“, стои во Извештајот на УНИЦЕФ.

XS
SM
MD
LG