Достапни линкови

Македонија дневно спречува влез на по околу 1.000 нелегални мигранти


Македонската полиција дневно спречува влез на по околу 1.000 нелегални мигранти од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, кои се обидуваат да влезат во земјава преку Грција, вели портпаролот на МВР Иво Котевски за Радио Слободна Европа. Сепак, одреден број мигранти успеваат нелегално да влезат во земјава и да продолжат кон Србија, па од таму кон некоја од земјите од ЕУ.

Тој вели дека Македонија се фокусира на хуман третман на нелегалните мигранти што влегле во земјава, но и на соодветното обезбедување на границите.

„Продолжуваме со засилените мерки за обезбедување на јужната граница. Можеме да кажеме дека околу 1.000 лица на дневно ниво коишто незаконски, илегално се обидуваат да влезат од нашиот јужен сосед, од соседна Република Грција, превентивно им се укажува да се вратат на територијата на Република Грција и да ја почитуваат соодветната законска регулатива“, вели Котевски.

Српскиот министер за социјални прашања Александар Вулин денеска рече дека српската полиција синоќа спречила нелегален влез на околу 400 луѓе од Македонија во Србија.

Котевски вели дека според договорот за реадмисија меѓу двете земји, од Србија во Македонија во изминатите неколку дена нема вратено луѓе.

XS
SM
MD
LG