Достапни линкови

Либија против операцијата на ЕУ за мигрантите


Секој брод што ќе влезе во либиски води ќе биде мета на воздушен напад, изјави денеска официјален претставник од меѓународно признатата влада на Либија предупредувајќи ги европските земји. Предупредувањето дојде откако министрите за надворешни работи на Европската унија вчера се согласија да стартуваат поморската операција за борба против шверцери на луѓе, кои донесоа илјадници емигранти од Либија во Европа.
Поморската операција на ЕУ во првата фаза ќе биде ограничена само на собирање информации за криумчарите на луѓе, бидејќи за поголем обем на должности треба да добие дозвола од ОН.

XS
SM
MD
LG