Достапни линкови

Нема барање „Игра на престолите“ да се снима во Македонија


Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески нема информации дека серијата „Игра на престолите“ (Game of thrones) ќе се снима во Македонија, како што објавиле некои портали во земјава.

„Официјално не знам дека воопшто продуцентите на таа серија се заинтересирани да дојдат во Македонија. Можеби постои некоја желба, но мислам дека сето ова произлезе од напис на некој локален веб-портал. Кога некоја странска продукција доаѓа да бара локации, вообичаено комуницира со некој од локалните продуценти кои ги познаваат сите локации низ Македонија. Се консултирав со сите колеги. Доаѓале за други филмови и серии, но за оваа серија никој не дошол официјално да побара такво нешто. Не може да планирате снимање на некоја локација без да ја посетите и да видите дали таа локација може да се обезбеди, дали завод за заштита на спомениците би одобрил снимање на некој заштитен локалитет или градот би дозволил пристап до локацијата. Сметам дека ова е далеку од некоја сериозна приказна“, рече Башески одговарајќи на новинарско прашање.

XS
SM
MD
LG