Достапни линкови

logo-print

Иран забрани странска инспекција на воените постројки


Иранскиот парламент го усвои законот со кој се забранува меѓународни инспектори да можат да посетуваат воени постројки. Гласањето доаѓа само на една недела пред Иран и шесте светски сили да склучат договор за нуклеарната програма. Нацрт законот беше изгласан на 21 јуни, а денеска пратениците го изгласаа финалниот закон. Од вкупно 244 пратеници во Парламентот, 214 гласале „за“.

Се уште не се знае дали законот ќе предизвика пречки за склучување на договорот или пак во неговото спроведување. Договорот што Иран треба да го склучи со светските сили ќе го обврзе Иран да ја намали својата нуклеарна програма, а во замена ќе му бидат укинати санкциите, но, исто така наметнува и строг режим на инспекција на нуклеарните постројки.

XS
SM
MD
LG