Достапни линкови

Пакистан - топлотниот бран однесе 500 животи


Повеќе од 500 луѓе починале како последица на тридневниот топлотен бран кој го зафати југот на Пакистан, соопштија тамошните власти. Најголем дел од смртните случаи се во градот Карачи, каде температурата достигна 45 степени. Пред еден месец во соседна Индија, исто така во топлотен бран починаа повеќе од 2.000 луѓе. Здравствените власти велат дека илјадници луѓе се хоспитализирани поради топлотниот бран.

XS
SM
MD
LG