Достапни линкови

logo-print

Еден војник и тројца цивили загинаа во Украина


Еден украински војник е убиен во изминатите 24 часа, соопшти украинската војска, додека сепаратистите тврдат дека владините сили убиле тројца цивили во областите кои се под контрола на проруските сепаратисти. Портпаролот на украинската војска Андриј Лушенко денеска рече дека како резултат на борбите во изминатите 24 часа, еден војник е убиен, а 12 се повредени. Лидерите на самопрогласената „Народна Република Доњецк“, пак велат дека тројца цивили се убиени од владините сили. Во меѓувреме во Париз подоцна денеска се одржува министерски состанок на кој ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Русија, Украина, Германија и Франција, на кој ќе стане збор за состојбата во Украина и последните насилства и покрај мировниот договор.

XS
SM
MD
LG