Достапни линкови

ОН - намерно таргетирање цивили во Сирија


Инспектори на ОН го осудија намерното таргетирање на цивили во војната во Сирија, што предизвикува страдање, како на пример кога се бомбардира со барел бомби, луѓето се опколени и умираат од глад.

Пауло Пинхерио кој ја предводи анкетната комисија за состојбите со човековите права во Сирија, денеска пред Советот за човекови права на ОН рече дека луѓето се доведени до големи маки, поради неуспехот на завојуваните страни да ги заштитат цивилите. Документот кој е објавен денеска го опфаќа периодот на злоупотреби извршени од 15 март до 15 јуни. Комисијата предупредува дека поради опсадите луѓето се лишени со месеци, па и со години. Повеќе од 230 илјади луѓе се убиени, а околу 10 милиони ги напуштиле своите домови, меѓу кои и речиси четири милиони Сиријци кои станаа бегалци од конфликтот кој започна во март 2011 година.

XS
SM
MD
LG