Достапни линкови

logo-print

Безбеден Охрид за мирно лето


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во моментот се подготвуваат едукативните кампањи и проекти што летово ќе се реализираат за поголема безбедност во сообраќајот, за заштита од кражби на плажа, кражби на моторни возила и паричници.

Безбедна туристичка сезона - безбеден град е мотото под кое охридската полиција ова лето ќе спроведува активности поврзани со безбедноста во нашиот најголем туристички центар. Изминатиот период биле договарани мерки и активности со советодавните групи граѓани, со претставници на хотелските асоцијации, угостителски објекти, туристички агенции, туристичките работници и други локални и државни институции.

Безбедноста треба да биде составен дел од севкупната туристичка понуда на градот Охрид. Во таа насока, преземаме постојани и деноноќни мерки за одржување на поволна безбедносна состојба, но и за нејзино издигнување на повисоко ниво.

„Безбедноста треба да биде составен дел од севкупната туристичка понуда на градот Охрид. Во таа насока, преземаме постојани и деноноќни мерки за одржување на поволна безбедносна состојба, но и за нејзино издигнување на повисоко ниво. Посебно сме концентрирани на летната туристичка сезона кога нагласено сме фокусирани на обезбедување мирно лето за охриѓани и бројните туристи. Оттука, нашите мерки се сеопфатни, пред сè на превентивен план“, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во моментот се подготвуваат едукативните кампањи и проекти што летово ќе се реализираат за поголема безбедност во сообраќајот, за заштита од кражби на плажа, од моторни возила, на паричници. Димоски се надева на продолжување на мешовитите македонско-српски полициски патроли низ Охрид што значително ја подигнаа безбедноста кај српските туристи во Охрид и го подигнаа нивното чувство за сигурност изминатите две години.

МВР е силно фокусирано на различни превентивни мерки, особено во имплементација на тие превентивни механизми и со сите сили ќе настојуваме тоа да го правиме со сите чинители во општеството.

Неодамна во Охрид беше и министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој се сретна со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Беше договорено локалните и централните власти заеднички да работат безбедноста оваа летна сезона во Охрид да биде на високо ниво.

„Во текот на претстојната туристичка сезона секојдневно ќе се бориме да одржиме стабилна безбедносна состојба и јавен ред и мир за да може граѓаните на Охрид и сите гости кои ќе престојуваат да се чувствуваат мирни и безбедни. МВР е силно фокусирано на различни превентивни мерки, особено во имплементација на тие превентивни механизми и со сите сили ќе настојуваме тоа да го правиме со сите чинители во општеството“, рече Чавков.

Тој најави интензивна комуникација во текот на претстојната туристичка сезона и со невладиниот и бизнис секторот во Охрид.

И градоначалникот Никола Бакрачески се надева дека на безбедносен план оваа сезона во Охрид ќе помине добро.

„За нас како охриѓани и за нас како локална самоуправа тоа е од големо значење за градење на еден подобар имиџ, подобри и поквалитетни услуги и позадоволни граѓани и туристи кои што живеат и го посетуваат Охрид. За очекување е дека во текот на оваа сезона ќе имаме највисоко ниво на ред и мир и безбедност и организација на сите одреден активности кои чинат квалитетна туристичка понуда“, вели Бакрачески.

XS
SM
MD
LG