Достапни линкови

Фридом хаус: Македонија и натаму во групата земји со хибриден режим


Во денеска објавениот годишен извештај на Фридом хаус „Држави во транзиција“ Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус. Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество. Од седум земји на Балканот четири забележаа пад, главно поради ситуацијата во медиумите и судството. Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата и донесоа напредок на Албанија.

XS
SM
MD
LG