Достапни линкови

Унгарија и Србија заедно ќе се справуваат со мигранти


Унгарската полиција соопшти дека нејзини претставници ќе помагаат за патролирање на српско-македонската граница во обид да спречат илегално преминување на имигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европската унија.

Шефот на унгарската полиција Кароли Пап изјави денеска дека 20 полициски претставници и четири мобилни термокамери ќе бидат распоредени идната недела на јужната граница на Србија со Македонија каде секој ден минуваат стотици имигранти, јави БТА.

Имигрантите патуваат кон север преку Србија и сакаат азил веднаш штом ќе пристигнат во Унгарија. Дел од нив продолжуваат и кон Австрија и Германија пред да биде донесено решение по молби за азил. Околу 60.000 имигранти влегле илегално во Унгарија оваа година речиси сите преку Србија.

XS
SM
MD
LG