Достапни линкови

Путин бара Украина да запре со бомбардирањето


Рускиот претседател Владимир Путин им пренел на францускиот претседател Франсоа Оланд и на германската канцеларка Ангела Меркел дека украинските сили мора веднаш да го запрат бомбардирањето во источна Украина.

Кремљ соопшти дека денеска Путин имал телефонски разговор со Оланд и Меркел, во пресрет на министерскиот состанокот што утре треба да се одржи во Париз. Утре се среќаваат министрите за надворешни работи на Русија, Германија, Франција и Украина.

Во борбите меѓу украинските владини сили и про-руските сепаратисти се убиени повеќе од 6.400 луѓе во источна Украина од април 2014 година.

Двете страни склучија договор во Минск за прекин на огнот, но се уште има спорадични судири.

XS
SM
MD
LG