Достапни линкови

Чавков: Нема потреба за меѓународна истрага за Куманово


Ние како МВР нашиот дел од активностите ги завршивме, со спроведувањето на увидот на лице место со кое раководеше Јавното обвинителство, подигнати се и обезбедени сите траги како докази за настаните и случувањата, сега нашите очекувања како и вашите се ЈО во една транспарентна судска постапка да се расчистат сите околности за случајот во Куманово, изјави министерот Митко Чавков при денешната посета на месната заедница „Тоде Мендол“.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека досега нема покренато барање за меѓународна истрага во случајот Куманово и оти за тоа нема потреба.

Чавков заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски денеска имаа средба со жителите на населбата „Тоде Мендол“, каде на 9 и 10 мај се одвиваше полициска акција за сузбивање криминално-терористичка група, со претставници на СВР Куманово, на граѓански организации и Исламската верска заедница.

XS
SM
MD
LG