Достапни линкови

logo-print

Германија го ослободи новинарот на Ал Џезира


Ахмед Мансур.

Ахмед Мансур.

Германија го ослободи новинарот на Ал Џезира, Ахмед Мансур. Портпаролот на обвинителството воБерлин денеска соопшти дека го ослободува Мансурдва дена откако тојбеше уапсен по барање на Египет.

Од Ал Џезира ги повикаа германските власти итно да го ослободат новинарот, велејќи дека другите земји не треба да си дозволат да бидат дел од угнетувачите на медиумите, мислејќи во случајот на Египет.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека никој нема да биде екстрадиран од Германија, ако се соочува со смртна казна.

Судот во Каиро го осуди Мансур во отсуство на 15 години затвор поради наводно мачење нанеименуван адвокат во 2011 година, обвинение што тој и Ал-Џезира го отфрлаат.

XS
SM
MD
LG