Достапни линкови

Еврозоната не постигна договор за Грција


Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната ги прекинаа разговорите во Брисел без договор за финансиска помош на Грција. Шефот на еврозоната, Јерен Дијселблем, рече дека преговарачите ќе ги искористат предлозите кои викендов ги даде грчкиот премиер Алексис Ципрас, како основа за понатамошни разговори.

„Тоа е можност да се добие договор оваа недела“, рече Дијселблем.


Лидерите на еврозоната подоцна ќе одржат итен самит за Грција.

Атина има рок до крајот на јуни да постигне договор со меѓународните кредитори за да може да плати дел од кредитот што го должи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

XS
SM
MD
LG